Главна цел на нашата компанија е да им овозможиме на нашите клиенти висококвалитетни услуги од областа на сметководството, и притоа да изградиме репутација на компанија која посветува посебно внимание на индивидуалната грижа за клиентите.

Нашиот тим од посветени професионалци нуди компетентни професионални услуги во секое време, притоа овозможувајќи им на клиентите постојан пристап до информации, како и постојана вклученост во финансиските операции за нивната компанија.

Работиме напорно со цел да изградиме долгорочни и цврсти соработки со нашите клиенти, притоа овозможувајќи им:

  • Поддршка за да успеат во компетитивна и динамична бизнис средина;
  • Совети и услуги во чекор со законските промени;
  • Добивање на комплетна слика за финансиите на својата компанија;
  • Соработка со високопрофесионални советници од областа на финансиите и сметководството;
  • Можност да се потпираат на објективни информации, со цел да носат подобри одлуки;
  • Подобрување на нивните организациски операции;
  • Подобрување на ефикасноста и ефективноста.

Мисија:

Да обезбедуваме висококвалитетни финансиски, даночни и консултантски услуги за нашите клиенти на долгорочна основа.

Визија:

Да станеме доверлива и почитувана компанија за сметководствени услуги, која постојано го поддржува и поттикнува успехот на нашите клиенти и која е препознатлива како компанија во која посветувањето на персонално внимание на секој клиент е од исклучителна важност.

Вредности:

  • Вработени – Постојано се грижиме да им обезбедиме на вработените квалитетно работно опкружување, со современи ресурси, константна поддршка и пристап до информации потребни како за нивниот личен, така и за професионалниот раст, знаење и просперитет. Веруваме дека покажувањето почит, разбирање и доверба е од особена важност за успехот на нашата организација, а истовремено и за квалитетот на услугата за нашите клиенти.
  • Знаење – Нашите вработени се со долгогодишно искуство во областа на сметководствените услуги, а дополнително на тоа нашата компанија постојано се грижи за надградување и негување на нивното знаење и експертиза, се со цел да обезбедиме доверлива и квалитетна услуга и за најсофистицираните клиенти.
  • Средства – Знаењето и експертизата на нашите вработени се поткрепени со високо квалитетен софтвер, кој овозможува прилагодливо водење на сметководството за различни економски области и индустрии притоа пратејќи ги како законските промени така и промените во економските трендови дури и за најсофистицираните клиенти.
  • Интегритет – Ја зголемуваме довербата во нашите услуги преку фер и етичко однесување како во внатрешната организација, така и во комуникацијата со клиентите.
  • Комуникација – Посебно сме посветени на комуникацијата со нашите клиенти, овозможувајќи им постојан пристап до нашите вработени за секаков вид на консултации од областа на сметководството, а истовремено сме крајно доверливи во однос на информациите кои ги добиваме.
  • Почитување – Меѓусебното почитување во рамките на внатрешната организација, како и почитувањето на клиентите се од особена важност за функционирањето и работењето на нашата компанија.