Покрај специфичностите со произвотсвените компании, нашиот тим е спремен да одговори на сите предизвици поврзани со сметководството на градежните комании. Нашето портфолио опфаќа компании од областа на градежништвото кои ги користат услугите како за финансиско, така и за материјално сметководство.
Согласно законските регулативи и специфичните потреби на клиентите спремни сме да одговориме на сите барања и законски регулативи поврзани со градежништвото. Нашите услуги вклучуваат дистрибуција на трошоците и приходите по градежни објекти, прецизно расчистување на залихите согласно изградените објекти, евиденција на излезот по времени ситуации, прилагодување на книжењето согласно различни градежни договори, како и комплетно детализирање на градежништвото како еден производствен процес со поставување на нормативи, вклучување на општи трошоци и трошоци за вработени во цената на чинење на градежниот објект и формирање на детални производствени налози.