Покрај компаниите од другите области, производствените компании сочинуваат важен дел од нашето портфолио. Нашиот тим е подготвен да одговори на сите специфичности поврзани со сметководствените политики на производствените компании како во финансовото, така и во материјалното сметководство.
Согласно потребите на нашите клиенти спремни сме да одговориме на сите предизвици од сметководствената политика на производството тргнувајќи од дистрибуција на трошоците по производствени единици, како и точно и прецизно расчистување на залихите согласно произведените единици, до комплетно детализирање на произвдството преку формирање на нормативи и производствени налози за секоја произведена единица.