Нашиот тим се состои од вистински професионалци за финансиски услуги во областа на трговијата како најчеста и најраспространета економска област. Комплетно сме спремни да одговориме на сите специфичности поврзани со трговијата на мало и на големо, како за компании кои работат само во границите на државата, така и за компании кои соработуваат со надворешни коминтенти и вклучуваат увоз, извоз и реекспорт во своето работење.

Земајќи во предвид дека трговијата е област која подлежи на брзи промени како резултат на постојаното менување на трендовите, нашиот тим е спремен да одговори на ваквите промени и да ви овозможи постојан пристап до информации за финансиската состојба на вашата компанија, се со цел да помогнеме во процесот на донесување на одлуки.