Како дел од нашето портфолио на клиенти се и шпедитерските компании како дел од големиот спектар на услужни компании кои ги користат нашите услуги. Во поглед на шпедитерските услуги, нашиот тим е подготвен да одговори на сите специфичности поврзани со користење на различни начини на оданочување со данок на додадена вредност, распределување на вредноста на гаранциите како по коминтенти, така и по царински испостави и банки и со сите останати операции кои го сочинуваат широкиот обем на работа кај овие компании.
Дополнително на тоа, по договор и согласно потребите на нашите клиенти можеме да го персонализираме водењето на сметководство за специфични случаи преку дистрибуција на трошоците и приходите по сегменти или организациони единици, дистрибуција на царинските давачки на различни нивоа според барањата на клиентот, поделба на трошоците за вработените по организациони единици и слични класификации согласно различните потреби.