Нашиот тим од професионалци со долгогодишно искуство во областа нуди комплетна поддршка за вашата компанија како во однос на финансиите и сметководството, така и во однос на операциите поврзани со вашето комерцијално работење. Покрај стандардните услуги од финансиското сметководство, нудиме и услуги од материјалното сметководство, како и дополнителни сродни услуги согласно барањата на клиентот.

Нудиме пакети на услуги со различен опсег, и тоа:

  • Основен пакет кој вклучува само финансиски услуги;
  • Среден пакет кој вклучува услуги од финансиското и материјалното сметководство;
  • Премиум пакет на услуги, кој покрај сметководствените услуги вклучува и комплетна поддршка за целокупното работење на вашата компанија.

Главен приоритет на нашето работење е да им овозможиме на клиентите постојан пристап до информации, како и постојана вклученост во финансиските операции за нивната компанија. Целосно сме флексибилни по однос на креирањето на различни извештаи како на македонски, така и на англиски јазик, почнувајќи од стандардните финансиски извештаи до прилагодени менаџерски извештаи согласно потребите на клиентите.