• Водење на трговски/деловни книги;
  • Водење на целосна финансова оператива;
  • Тековна евиденција на основни средства;
  • Пресметка и книжење на амортизација;
  • Пресметка на Данок на Додадена Вредност;
  • Пресметка на Аконтација на Данок на добивка;
  • Изготвување на Благајнички Извештаи;
  • Пресметка на Плати;
  • Изготвување на Завршна Сметка;

Водење на трговски/деловни книги

Вршиме подготовка за водење и водење на трговски/деловни книги преку формирање на соодветен налог за книжење и автоматска обработка на податоците за сите видови на трансакции во вашата компанија.

Водење на целосна финансова оператива

Преку финансовата оператива вршиме детална евиденција на влезните и излезните документи по коминтенти и датуми на доспевање, притоа овозможувајќи затворање на ставки со уплати по број на документ. Дополнително на тоа, на нашите клиенти им овозможуваме да имаат детален преглед на обврските и побарувањата преку картици по коминтенти, вклучувајќи податоци за доспеаност и припрема на извештаи за старосна структура по коминтенти.

Тековна евиденција на основни средства

Тековно ги евидентираме основните средства на компанијата согласно добиената документација од клиентите. Дополнително на тоа изготвуваме спецификација на основни средства со инвентарен број, како и пописни листи според потребите на клиентот.

Пресметка и книжење на амортизација

Правиме автоматска пресметка на амортизација на основните средства, во временски интервали согласно потребите на клиентот.  Притоа овозможуваме постојан пристап до информации за моменталната вредност на основните средства, како и за планираните идни амортизации.

Пресметка на Данок на Додадена Вредност

Правиме пресметка на Данокот на Додадена Вредност во законски временски интервали според видот на даночен обврзник на клиентите, вклучувајќи проверка со нивната евиденција како и изготвување и електронско доставување на даночна пријава во законски определениот рок.

Пресметка на Аконтација на Данок на добивка

Правиме пресметка на аконтација на данокот на добивка на месечно ниво, согласно утврдениот данок во Даночниот биланс за оданочување на добивката за претходната година и процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во државата од претходниот период од годината, соодветен за месецот за кој се пресметува аконтацијата.

Изготвување на Благајнички Извештаи

Изготвуваме благајнички извештаи за материјални и патни трошоци врз основа на доставени сметки и патни налози од страна на клиентот. Дополнително на тоа правиме пресметка за дневници за службени патувања по вработени врз основа на добиени податоци од страна на клиентот.

Пресметка на Плати

Правиме пресметка на бруто плата врз основа на податоци доставени од страна на клиентот, вклучувајќи и изготвување и електронско доставување на декларација за исплата. Дополнително на тоа, правиме пресметка на персонален данок по сите основи во случај на ангажирање на работници по основ на договор на дело.

Изготвување на Завршна Сметка

Ја изготвуваме завршната сметка, како и целата пропратна документација врз основа на претходно искнижените податоци, и истата електронски ја доставуваме до надлежните органи.