• Пријава/одјава на вработени; 
  • Изготвување на извештаи за банки и надлежни државни органи (ЦРМ, УЈП, Фонд за Здравство и ПИОМ); 
  • Изготвување на договори за вработување и договори за закуп; 
  • Изготвување на различни видови извештаи за потребите на менаџментот; 
  • Систематизација и поделба на книжењата согласно потребите на клиентите; 
  • Комерцијални услуги;

Пријава/одјава на вработени

Правиме припрема и електронски поднесуваме целосна документација за пријава и одјава на вработени по претходно добиени податоци од страна на клиентот.

Изготвување на извештаи за банки и надлежни државни органи

По потреба на клиентот и во специфични ситуации изработуваме различни видови на извештаи за потребите на финансиските институции како што се банките, како и за потребите на државните институции меѓу кои: ЦРМ, УЈП, Фонд за Здравство и Фонд за ПИОМ.

Изготвување на договори за вработување и договори за закуп

Како дел од нашите консултантски услуги, изготвуваме договори за вработување и договори за закуп според претходно добиени податоци од страна на клиентот.

Изготвување на различни видови извештаи за потребите на менаџментот

Согласно потребите на клиентите изработуваме различни видови на извештаи по различни основи на англиски и македонски јазик.

Систематизација и поделба на книжењата согласно потребите на клиентите

Согласно  потребите на клиентот и во специфични ситуации правиме систематизација и поделба на книжењата по организациони единици или по други основи.

Комерцијални Услуги

Покрај финансиските услуги, имаме посебен тим за комерцијални услуги, за компаниите кои имаат потреба од совети и операции од областа на комерцијалното работење.